Noah and the Whale - The First Days of Spring [Vertigo Records, 2009]

Noah and the Whale - The First Days of Spring [Vertigo Records, 2009]

Најмерак ми е кога ќе налетам на бенд кој има доста цврста уметничка подлога.
Дечки кои се стремат да создадат нешто со што ќе се изразат самите баш онака како што им е намерата, а не само колку да се задоволи пазарот и да се фрли нешто што самото по себе ќе избледи.
Претходниот нивен албум е добар но е тотално засенет од The First Days of Spring. Kонцептуален албум кој сам по себе нуди да си направиме тек на настаните и со помош на песните да склопиме еден филм.
Но сепак фронтментот Charlie Fink ни приреди и филм поточно филмот е албумот или албумот е филм како сакате, искрено како ви одговара.
Господин Fink вели дека прво е албумот но ако го погледнете ќе ја видите поврзаноста и неодвоjливоста помеѓу двете и ќе си речете па да ова е тоа што ми фалеше додека го слушам.
Можеби нивната наклонетост кон филмовите и самиот факт што и Noah & The Whale името на бендот е излвлечено од нивен омилен филм - The Squid and the Whale и името на режисерот на филмот Noah Baumbach e тоа што во овој последен албум ги споиле овие две уметности и е добиено дело кое ќе ви прочепка по емоциите.





Недостатокот на женски вокал за разлика од претходниот албум се должи на разидувањето на Laura Marling со бендот. Па Fink нашол за згодно да го искористи ова како подлога за својот концепт и во албумот и во филмот. Со давање голем нагласок на емоциите.
Слушајќи ги песните/гледајќи го филмот не носи на едно емотивно патување од машка перпектива пред се.
На тоа како еден маж се справува со своите чувства.
Пренесено сето тоа во звук и на видео. Tолку јако пренесувајќи ја пораката на тоа колку сме ние обични и како понекогаш не водат чувствата пред разумот низ времето, кое е толку релативно и толку непредвидливо што впрочем и е покажано во филмот.
Но не би сакал да ви го прераскажувам филмот, го имам тоа задоволство да ви го презентирам токму овде и се надевам ќе потрошите неколку минути од вашето време да го погледнете можеби и ќе ве натера да го набавите албумот и да си направите сопствен филм поразличен од тој на Noah & The Whale.





Жичаните инструменти во склоп со помалку меланхоличниот глас на Fink го прават овој албум совршено хармоничен и толку пријатен, антистрес лек за секој на кој денот му е повеќе од напнат.
Секоја песна е посебно уживање со две појдовни точки, почетната The First Days of Spring нуди доста класични декрешендо и крешендо моменти.
И повеселата точка на албумот ,централниот сегмент на ова дело "триптихот" од звуци Instrumental I , love of an Orchestra и Instrumental II. Останатите песни се прилично тажни тивки песни со исклучок на Single-от Blue Skies која со својот заводлив ритам е дефинитивно најcatchy песна во албумот.
Албум/Филм за одмарање и уживање во овие празнични денови...






Оцена: 9/10

Артист: Noah and the Whale
Албум:The First Days of Spring
Датум на објава: 31 Август, 2009,
6 Октомври 2009 (U.S.)
Издавач:Vertigo Records (U.K.),
Cherrytree Records (U.S.)


Track listing:
1."The First Days of Spring"
2."Our Window"
3."I Have Nothing"
4."My Broken Heart"
5"Instrumental I"
6"Love of an Orchestra"
7"Instrumental II"
8."Stranger"
9."Blue Skies"
10."Slow Glass"
11."My Door Is Always Open"



.: Karanfiloff | Skopje | 24.12.2009

Оригинално објавено на www.plagij.at

Say Anything споделија со нас нов Single




Say Anything го поставија својот нов сингл "Hate Everyone" на streaming официјално на нивниот сајт и на нивната myspace страна. Песната е типична Say Anything што на повеќето ќе им дојде како освежување да речеме преку текстот Max Bemis ќе има нешто што да сподели со нас сигурно а од друга страна пак ќе им биде познато односно едноставно ќе им биде малце досаден тој претпознатлив и неиновативен звук. Ова ќе им биде 4-ти студиски албум по ред насловен едноставно "Say Anything" кој ќе излезе на 13 Октомври. Искрено јас не очекувам многу но би можел да изненади.




"Beggars" на Purevolume.com™




Албумот на годината според многумина можете сега да го слушате и на Purevolume.com™. Дечките вчера го поставија целиот свој албум достапен за преслушување. Покрај другото на нивната Purevolume страна можете да ги најдете и другите албуми видеа и доста други информации .


Извор:www.purevolume.com

Информејшн =) Leak-на Beggars на Thrice

Значи деновиве leak-на новото здание на Thrice. можете да го најдете по торрент клиентиве исто така и на популарниот рапидшер и слични на него но мислам дека брзо ги бришат по тие така да најсигурно вие по торрентиве =) Само ќе кажам доста интересен албум =) Повеќе очекувајте на www.plagij.at

Мувинг он...


Како што кажува и насловот, ви ар мувинг он, Музиколоџи иде на стенд бај, со повремени постови или препораки. Ја и Жаре сме тазе нови пишувачи на www.plagij.at, добро познатиот и ценет сајт. Одсега, нашите критики ги гледате таму ;) Фала што не читавте до сега, ќе не читате пак, само поретко ;)

[Interview] High Control (Тетово)



High Control дечките се релативно млад бенд од Тетово кои негуваат популарен contemporary alternative rock во целост, но се некако ми делува како копија на Trapt не премногу али доволно :) Можеби со тек на време ќе им се осамостои звукот или пак тие влијанија ќе ги измешаат добро и ќе се добие нешто несомнено поуникатно.
. Имав шанса да ги слушнам во Castro а исто така и студискиот материјал и морам да кажам дека доста добро се снаоѓаат. Останува да очекуваме дечките повеќе да се осамостојат во својот звук и да понундат нешто доста интересно. Следува едно кратко интервју со нив…

Музиколоџи: Што претставува вашето име од каде инспирацијата?
High Control: Инспирацијата за нашето име ја имаме превземено од нашите согледувања за се поголемите обиди за контрола на опшеството и опшественото живеење од страна на некои центри на моќ а се со намера да се даде еден контра-одговор и враќање на вистинските морални вредности: почитувањето, другарството, праведноста, довербата и се разбира љубовта.

Музиколоџи: Како би ја опишале вашата музика ?
High Control: Нашата музика може да се опише како еден склоп на нашите вкусови за типот на музиката која ние како поединци и како целина сме ја слушале и сеуште ја слушаме, идеите кои ги креираме, и влијанијата на правците кои сме ги `конзумирале`, преку инвентивноста и заедничката работа до целосниот пренос во форма на една музичка целина.

Музиколоџи: Правецот кој го опфаќате највеќе? Кои ви се највлијателни бендови?
High Control: Во глобала би биле окарактеризирани како Alternative - Indie Rock Band, меѓутоа во песните може да се насетат елементите од следните правци: Grunge, Progressive па и Metal итн. Како највлијателни бендови кои директно учествувале во нашата изградба како индивидуи и бендот во целина би можеле да ги вброиме: Foo Fighters, Maroon 5, Nickelback, Trapt, како и многу други.


Музиколоџи: Колку долго се знаете? Како се запознавте?
High Control: Во Тетово постои еден вид на помала сцена (се мисли на рок сцената), и затоа многу е лесно секој со секого да се познава, бидејќи сеуште постои тој другарски однос и поддршка помеѓу бендовите и музичарите така да најверојатно така и сме се запознале. Ние се познаваме еден со друг многу одамна, уште од нашите тинејџерски денови, од времето на таканаречениот натпреварувачки период.

Музиколоџи: Кога активно го формиравте бендот? Вашата главна инспирација за правење музика?
High Control: Бендот со оваа постава функционира од 2007-та година, и оттогаш работиме напорно за можеме да ги исполниме нашите зацртани цели, чекор по чекор. Главна инспирација ни е љубовта од секаков облик - спрема луѓето, девојката, семејството, пријателите...

Музиколоџи: Дали сте под некоја дискографска куќа?
High Control: Деби албумот го издадовме преку Deficit Productions – релативно нова продукциска куќа со екипата од Castro Club, за која набрзо ќе се слушне и која ќе си го пронајде своето место на Македонската сцена.

Музиколоџи: Што можете да ни кажете за вашите инструменти?
High Control: Во поглед на инструментите може да се каже дека ние сме во еден класичен рок состав-основна форма: две гитари, бас гитара и тапани, истите не отсликуваат како карактери и со нив се обидуваме да го извлечеме максимумот во поглед на звукот, мелодијата, разноврсноста...

Музиколоџи: Каде сте настапувале на други места и дали имате некои идни договорени свирки?
High Control: Освен Total Dem-o-Fest(2009) - во Кастро, имаме настапувано и на финалето на Winner Fest(2008/2009)- Прилеп, Битола и Штип како и многубројните клубски свирки и настапи претежно во Тетово и Скопје. Има договорени свирки однапред, се очекува и одговор и од некои фестивали на кои имаме аплицирано но сега за сега е рано да се зборува за тоа дури не стане официјална информација, која ќе ја објавиме директно на нашата myspace страна.

Музиколоџи: кои cover песни највеќе сакате да ги изведувате имате спремена playlist-а или повеќе сакате да импровизирате?
High Control: Претежно имаме спремена playlist-a, со неа го кроиме настапот во кој ако има простор, може да се импровизира зависи од дадената ситуација и од нашето моментално расположение. Во глобала одбираме песни кои нас ни се допаѓаат и така го даваме својот максимум во нивното исполнување.


Музиколоџи: Кој ги пишува вашите песни ? Што ви е главна тема или сл. во вашите песни?
High Control: Нашиот бенд функционира како една добра екипа. Секој си извршува определена задача и така тимски се надополнуваме еден со друг и ги пишуваме песните. Како што кажавме погоре, генерално темите во песните се гласен врисок на нашите чувства – добри и лоши без да ги потиснуваме во нас.

Музиколоџи: Дали сметате дека вашата музика константно се менува и воведувате нешто ново или пак се држите кон еден правец.
High Control: Да. Секогаш се трудиме да бидеме иновативни и да воведуваме нешто ново во нашата музика, иако промените не се драстични за да се оди во потполно нов стил, туку осцилираме околу правецот во кој што сме почнале да креираме.

Музиколоџи: Вашиот најголем предизвик како бенд?
High Control: Најголем предизвик би било да настапуваме на еден голем светски фестивал, со голема посетеност, на кој што би можеле да ја промовираме нашата музика а со тоа и нашиот град и нашата држава.

Музиколоџи: Што совет имате за луѓето што сакаат да оформат свој бенд?
High Control: Сите кој што сакаат да формираат бенд треба да разберат дека многу е важно тимското работење пред се, потоа голема волја, упорност, труд, доверба, компромис и другарство. Многу е едноставно иако изгледа како некој тежок рецепт, но се зависи од погледот и подготвеноста на луѓето.

Музиколоџи: На каков се начин можат фановите и луѓето што сакаат да ја чујат вашата музика да ја набават? (website, online купување,продажни места и сл.)
High Control: Албумот “In Every Way”- моментално можат да се набави во Castro Club, а за извесно време ќе објавиме и во кои продавници ќе може да се набави. Неколку песни можат да се слушнат и на: www.myspace.com/highcontrol05
Воедно на истата страна можат да се видат и најновите ажурирања во поглед на нашите настапи, така да сите што сакаат да ги гледаат High Control во живо секогаш ќе бидат навремено информирани.

Музиколоџи: Any last words :)?
High Control: Се надеваме дека со музиката која ја создаваме допираме до срцата на слушателите, и дека секој ќе може да се идентификува и да се пронајде во нашите песни. Поздрав и благодарност на сите што ни ја искажаа безрезервната поддршка.

Официјалното видео за Young Cardinals (Alexisonfire)



Видеото е снимено на Нијагарините Водопади на туристички брод :)

Коментар од Модератор на Sputnikmusic :

"George sounds like a Dropkick Murphy.
Exactly what I thought as well. One of Alexisonfire's weakest singles if you ask me... hope the album will be better!" =)

Closure In Moscow - First Temple [рецензија]




Во ова време, секојдневно се формираат post-hardcore\emo\rock\alternative бендови кои своите влијанија ги темелат на интересни бендови како Circa Survive, The Fall Of Troy, Thrice па дури оние похрабрите и од Mars Volta. Искрено, таквите бендови кои успеваат во тек на една година од постоење да извадат албум, не ми се допаѓаат. Преплавени сме со такви бендови кои својот звук го засновааат на копи-пејст од се она што го слушнале од нивниот музички фаворит. Иновација - нема! Меѓутоа, од xxx такви бендови, еден секогаш ќе успее да најде свој звук и да звучи прилично ветувачки за во иднина. Баш таков бенд е Closure In Moscow. Доаѓаат од Австралија, а формирани се во 2006 година. На сцената се појавија во 2008 година со извонредното EP (или како што тие самите го нарекоа "albumette"), The Penant And The Patience. По одличните реакции од публиката и критиката, дечкиве влегуваат во студио на почетокот на оваа година, и конечно на 5 Мај го издаваат долго очекуваниот албум, The First Temple. Дали разочараа по одличното EP? НЕ! Ова е она што барем јас го очекував од бендов. Иако можеби малку поразлично од ипи-то, албумов ги носи Closure In Moscow на одличен пат за понатаму. Стилски, бендов се доближува најмногу до Saosin, The Fall Of Troy, The Mars Volta, а во голема мера и до Circa Survive. Албумот започнува одлично со Kissing Cousins, малку во манирот на модерниве рок бендови, но тоа е само почетокот на песната. Понатаму продолжува со прекрасните Reindeer Age, Sweet#hart, интересната Vanguard каде можеби и највеќе се чувствува влијанието на експерименталните звуци и mathcore-от на The Fall Of Troy и The Mars Volta. По 5-та песна, A Night At The Spleen, албумот оди во малку помирни води. па дури и амбиентални забележливо на Permafrost, каде звучат слично на The Receiving End Of Sirens. Воглавно, Closure In Moscow најчесто се опишуваат како микс на бендовите кои досега ги спомнав, но сето тоа е одлично спакувано. Негде прочитав и еден интересен коментар, каде беа опишани како поп-верзија на The Mars Volta. Ова не е далеку од вистината. Само додадете влијанија и од веќе спомнатите бендови погоре, па додајте ги и модерните рок трендови и ќе добиете нешто слично на Closure In Moscow. Сепак, не се работи само за копи-пејст бенд, туку за бенд кој одлично ги инкорпорирал влијанијата од своите постари колеги, и во сиот тој микс додава и своја интересна нота. Има тука за секого по нешто. Одличен албум, останува само да го преслушате и да пресудите сами дали Closure In Moscow заслужуваат место на вашата плејлиста.

Членови:

Beau McKee
Mansur Zennelli
Chris deCinque
Brad Kimber
Michael Barrett

Дискографија

The Penant And The Patience - 19 April, 2008
First Temple - 5 May, 2009

Myspace

Нов Single на Alexisonfire



Alexisonfire на 20 април го претставија Single-от Young Cardinals за нивниот следен албум Old Crows / Young Cardinals. Mожеби не е според очекувањата да покажат нешто иновативно,Dallas Green е сепак тој кој го движи бендот напред според мене. Но останува да излезе целиот албум на 23 јуни па тогаш ќе можеме да јадеме повеќе бурек. =)




Слушнете на:



Колективот Archive се поднови со албум...



Британскиот колектив Archive во кој се застапени повеќе различни правци и тоа од Trip hop, Electronica и Ambient па се до Alternative rock, Progressive rock, Post Rock, Indie rock и Pop rock извадија нов (6-ти по ред) албум кој е воедно прогласен за нивни најквалитетен албум досега. Албумот е наречен Controlling Crowds и излезе на 30 март 2009. Single-от за овој албум е Bullets.

01."Controlling Crowds" 10:09
02."Bullets 5:54
03."Words on Signs" 4:00
04."Dangervisit" 7:37
05."Quiet Time" 5:55
06."Collapse / Collide" 9:12
07."Clones" 5:00
08."Bastardised ink" 3:34
09."kings of speed" 4:22
10."whore 4:15
11."Chaos" 5:28
12."Razed to the Ground" 5:22
13."Funeral" 7:19

кратка историја:

Archive е формиран од Darius Keeler и Danny Griffiths во 1994 од "пепелта" на Британскиот breakbeat акт Genaside II. Заедно со вокалистката Roya Arab и младиот рапер Rosko John, во овој состав тие го издадоа својот прв албум "Londinium" под Island Records во 1996, микс на мрачен Trip hop (сличен на Massive Attack), rap и alternative rock. Албумот доби умерена критика , но поради внатрешна расправа во бендот подоцна во истата година тие се растураат. Сепак во 1997 Keller и Griffiths го реоформуваат Archive сега со друг женски вокал Suzanne Wooder и во 1999 го издаваат својот втор албум "Take My Head", микс од поп и симфониски trip hop далеку помелодичен албум од претходниот. Во периодот помеѓу 2002 и 2005 бендот издава три албуми со Craig Walker, (поранешно со Power of Dreams) како вокал со што наидуваат на воодушевувачка прифатливост од критика но и популарност особено во Франција и Полска. Со овие три албуми Archive помалце ги напушта своите корени во Electronica-та и Trip hop и се движат кон повеќе психоделични и прогресивни стилови на бендови како што се Pink Floyd, Mogwai и The Secret Machines. Во 2006 со видно изменет состав во бендот го издаваат албум "Lights" со Single-от "System".


Сегашен Состав:
Maria Q - vocals
Pollard Berrier - vocals, guitar
Dave Penney - guitar, vocals
Steve Harris - guitar
Jonathan Noyce - bass
Lee Pomeroy - bass
Darius Keeler - synthesizer, piano
Danny Griffiths - synthesizer, samples
Smiley - drums
Rosko John - vocals, MC

Поранешни Членови
Craig Walker - vocals, guitar
Roya Arab - vocals

Препорака...



Деновиве, некако имав потреба од изи лис'нинг мјузик, па се фатив за претпоследниот албум на Funeral For A Friend, Tales Don't Tell Themselves. Албумов се појави на сцената во 2007 година, како долгоочекуван наследник на одличниот Hours од 2005. По излегувањето, и покрај фактот што влета на високото трето место на UK Album Charts, мислењата беа поделени, како кај критиката, така и кај публиката. По некои албумот беше чисто промашувања, за некои беше најдоброто нешто на бендот. Најголемата замерка дојде токму од die-hard фановите на бендот, кои всушност го мразеа фактот дека од Hours понатаму нема скримо на албумите. Wrong! Тоа што нема скримо не значи дека е лошо. Hours е одлично парче музика! Tales Don't Tell Themselves пак, истотака ми остави голем впечаток. Ми се допаѓа тоа што е замислен како концепт албум, и како таков, не ја промашува целта. Едноставно, албумов се слуша во еден здив. Нема фаворити, сите песни се надоврзуваат и возат прекрасно. Отварањето на албумов започнува со првиот сингл, Into Oblivion, за да продолжи со прекрасната The Great Wide Open. Песните едноставно нели :) неверојатно се вклопуваат во поморскиот концепт :) на албумот. Сето тоа тече одлично до крајот на албумот, кој го затвара феноменалната The Sweetest Wave. Damn, ова е едно од најдобрите затворања на албум :) Најдете си го албумов и преслушајте го, ќе ви легне прекрасно во сеуште тмурните мартовски денови. Дури и ако сте еден од оние кои албумот го фрлиле по првото преслушување, дајте му уште една шанса, верувам дека ќе ве изненади ;)

Mute Math не воодушеви со својот single/EP Spotlight =)




Playlist-ата =)
  1. Spotlight (Twilight Mix) (3:20)
  2. Clockwork (EP Version) (4:44)
  3. Earlylight (EP Version) (4:22)
  4. Spotlight (Son Lux Remix) (3:27)


Mute Math со ова ново Single/EP воодушеви во секој поглед. Пред се Spotlight песната која првпат беше презентирана како soundtrack на филмот Twilight само додатно ги разгори исчекувањата за новото EP кое излезе на 10 Февруари.Неспорно е таа Single за EP-то и сите тие други салтанати, сепак според мене песната која го заслужува приматот на она што е суштинско на Mute Math e Clockwork едноставно таа самата е најава за албумот што следи и самата укажува колку многу треба да очекуваме :) Earlylight пак е по инструментална песна со многу малку вокална поддршка и доста интересни dub звуци која пак би рекле дека е некакво надополнување на Spotlight.Ремиксот на Spotlight до негде не е нешто посебно но сепак е добар додаток во самото EP. Срдечно ви препорачувам да го преслушнете овој новитет и едноставно да уживате во звуците кои ви ги презентираат Mute Math и останува да чекаме на full length Албум годинава :).

ОФИЦИЈАЛЕН САЈТ

MYSPACE


п.с Ако сте заинтересирани за да го преслушате ова EP на раат можете да го најдете по нетов =)

...И би нов албум на The Prodigy!



...И би нов албум на The Prodigy! :) После некое време хибернација, рејв-мајсторите се вратија на сцената. И што да кажам повеќе? They're back for good :) Конечно албум од манијациве којшто не е најдоброто од нив, но за враќање на сцената е супер! Повторно во добитна комбинација (значи Liam Howlett, Maxim и Keith Flint) албумот ги враќа во живот, и јасно докажува дека тие сеуште го имаат приматот на најдобар dance-rave-urban-tecnho sound бенд :) Сепак, албумов е на моменти е и многу сличен на нивните почетици и големи успеси (иако навраќање на корените не е лоша работа). Take me to the hospital личи многу на Everybody in the place. Отворањето на албумот со истоимената песна е експлозивно, и не верувам дека на некој не му се свиѓа. Omen е исто така мнооогу интересно нешто, иако и тука се чувствуваат сличности со претходните албуми. Присутен е и хелиум вокалот :) Нешто можеби и најинтересно на албумов, е песната Stand-up. Право освежување од The Prodigy, изведено во стилот на Fat Boy Slim. Nice! Тоа е тоа. Верувам дека ке го преслушате албумов и верувам дека ќе ви се допадне, иако како што кажав, ова е само повратнички обид за нешто добро. Сепак, The Prodigy се вратија назад, и претпоставувам дека сега ќе ги замолчат сите квази рејв бендови, идиотски DJ-и и слично. Респект!

Алтернативци по природа - HURT со нов албум


Алтернативци по природа :) Hurt е бенд од Вирџинија што опстојува од 2000-тата година и доста солидно се покажа и истакна со своите два добри албуми Volume I(2006) и Volume II(2007). Во претходнава година доживеа некои турбуленции кога дојде до смена на некои членови и напуштањето на нивната продуцентска куќа Capitol Records (заради финансиски причини). Но тоа сепак нема ги спречи Hurt... во состав:

J. Loren Wince - вокали, гитара, виолина, и бенџо (2000-до денес)

Paul Spatola - гитара, придружни вокали, dobro(резонантна) гитара, пиано (2004-до денес)

Rek Mohr - бас (2008-до денес)

Louie Sciancalepore - тапани (2008-до денес)

...Да го издадат својот 5-ти по ред студиски албум "Goodbye To The Machine" под закрила на Shorefire Recording Studios. Албумот официјално ќе излезе на 7-ми Април 2009. Интересен податок е тоа што албумот ќе биде достапен и во Vynil издание :) Да напоменам дека има leak на албумот и можете да го најдете по нетов :) Доста добро склопен албум и мислам дека ќе имате доста позитивни мислења за него. Пријатно Слушање =)

ОФИЦИЈАЛЕН САЈТ

MYSPACE

Нов (интересен:) Проект - Two Tongues




Февруари 3 Година 2009 излезе албумот Two Tongues од Тwo Tongues...:) Ќе речете па супер, проект Chris Conley (Saves The Day) <-> Max Bemis (Say Anything) неможе да биде лошо нели? Па неможе да биде лошо :), сепак според мене можело да биде изведено многу подобро но што е тука е. Колаборацијата со Chris Conley е успешен склоп на два исклучителни текстописци. Ако барате повеќе Say Anything во овој проект нема да го најдете. Пред се преовладува Chris вокално а можам да го кажам истото и во врска со текстот. Звукот ќе потсетува на Say Anything и други елементи секако, Bemis е присутен вокално но некако тоа делува премалку... :( Значи Say Anything фанови бидете open-minded во врска со проектчево :) А ако сте фанови на Saves thе Day ќе ви легне албумов баш фино :) Знам дека накрај сепак ќе уживате :)

MYSPACE

PUREVOLUME

Tonight: Franz Ferdinand


Шкотланѓаните Franz Ferdinand го пуштија и третиот студиски албум на 26 минатиот месец, кој го подготвуваа уште од 2007 година. Single кој беше избран за овој албум е песната "Ulysses" промовирана на 19 Јануари. За разлика од претходниот во овој албум преовладуваат dance елементи и таканаречениот "dub sound" како што изјави и самиот фронтмен на групата Alex Kapranos, што би го направило овој албум повеќе dance отколку rock :). Но сепак претпознатливиот звук кој го претставуваат Franz Ferdinand е силно присутен без разлика на сите нови елементи и различни да не речам предмети кои се вметнати и употребени во снимањето :). Се надевам ќе уживате во овој концептуален проект пред се :)

Официјална Страна


MYSPACE

Mastodon - Crack The Skye [2009]♦





Гарант некој ко го видел името на постов, помислил leak од албумов да не имам :) :) :) Немам бе! Само малце инфо...Значи пред некој ден заврши нејасното 65-дневно одбројување коешто се појави на сајтот на Мастодон (мислам дека ова одбројување траеше помалку од еден ден), а на негово место се појави teaser за новиот албум, кој на крај вика Spring 2009. Негде како што читав тоа 65-те дена уствари било дека за толку дена ке излезе албумот, а тоа му доаѓа 14 Март. Ако е така, ОДЛИЧНО!!! :) У секој случај погледнете го teaser-от, изгледа добро и примамливо музиче има (preview веројатно на мал дел од албумот) And now the link:

Мастодон рокс :)

P.S. Еве и малце подетално инфо за идејата на албумов, објаснета од Brann Dailor, бубњарот на Mastodon. Прочитајте обавезно, да видите колку се нормални дечкиве :) :) :)

Википедија

Underworld: Rise of the Lycans со феноменална playlist-а!



За три дена е премиерата на новиот филм од фантастичниот серијал Underworld наречен Rise of the Lycans. Приказната е позната но исто така и артистите кои ги позајмуваат своите песни, нам добро познатите: AFI , Thrice , Drop Dead Gorgeous , The Cure , Deftones... :) морам да напмоенам дека песните се ремиксувани така да може и нема баш да ви се допаднат но сепак тоа останува на вас :). Како што гледате листата е импресивна и би рекол полн погодок. Останува да ви ја претставам целата playlist-а и да го чекаме филмот да видиме баш како ќе бидат вклопени сите овие песни во филмот.

Ужувајте во ликновите :))
ОФИЦИЈАЛНА СТРАНА

MYPSACE





Тазе предлог - In Fear And Faith




Еден мој предлог да ја почнете 2009 со добар бенд =) In Fear And Faith или скратено INFAF - Неодамна потпишаа за Rise Records - Продуцентска куќа која стои зад бендови како Emarosa , Dance Gavin Dance , Drop Dead, Gorgeous и други Post-hardcore , Metalcore , Deathcore ,Screamo бендови. In Fear and Faith се смета за еден од нај експлозивните бендови кои се појавија на сцената. Нивниот целосен деби албум "Your World on Fire" излезе на 6 Јануари, со гостувања на Craig од Chiodos и Jeremy од A Day To Remember! Па уживајте =)

Официјална Страна

MYSPACE


Топ 5 албуми на 2008 според мене =)

Со мало закаснување од моја страна =) , значи за албумите кои според мене ја одбележаа 2008 нема што повеќе да се зборува бидејќи пред се тоа се тие што ги имам прокоментирано во претходните месеци секако има уште некој артист кој пријатно ме изненадил но пред се моите топ 5 албуми се следните:

1. Thrice - The Alchemy Index Vol.III & IV: Air & Earth


Кажани се доста пофалби за ова продолжение од концептот Alchemy Index останува да се чека на нов проект :)

2. Rise Against - Appeal To Reason


Appeal to Reason можеби не е нешто најдобро од Rise Against но сепак заслужува да се преслуша , дечките сеуште се kickass :)

3. The Courteneers - St. Jude

http://www.vfestival.com/assets/upload/The_Courteneers_-_St_Jude.jpg
Овој британски indie бенд извади нешто доста традиционално во поглед на правецот но сепак динамичен и доста интересен албум пред се.

4. Ashes Divide - Keep Telling Myself It's Alright

http://www.xbox.com/NR/rdonlyres/8487F0C4-C55C-43B0-B35D-7A6876F013F9/0/ilmashesDivideMini.jpg
Billy Howerdel покажа уште еднаш дека со секој нов проект го докажува она генијалното во себе, независно од тоа дали е од вокален аспект или од инструментален.

5. Emery - While Broken Hearts Prevail (EP)


http://i21.photobucket.com/albums/b258/tallness_unite/cover-2.jpg
За ова останува да кажам дека со нетрпение го чекаме албумот :)

Се разбира има и други артисти кои вродија плод во 2008 но овие се тие кои највеќе ми оставија впечаток . Би го ставил и соло албумот на Steven Wilson - Insurgentes во овие топ 5 ако не и на прво место не сепак официјалниот датум на овој албум е Февруари оваа година така да ќе има загарантирано место во следнава година :) А што се однесува за 2009 би биле радосни да oчекуваме нешто од Alexisonfire , дури и нешто ново од Dear Hunter и од Porcupine Tree како целина :) Па се читаме во Новава Година се најдобро.