Со мало закаснување од моја страна =) , значи за албумите кои според мене ја одбележаа 2008 нема што повеќе да се зборува бидејќи пред се тоа се тие што ги имам прокоментирано во претходните месеци секако има уште некој артист кој пријатно ме изненадил но пред се моите топ 5 албуми се следните:
1. Thrice - The Alchemy Index Vol.III & IV: Air & Earth
Кажани се доста пофалби за ова продолжение од концептот Alchemy Index останува да се чека на нов проект :)
2. Rise Against - Appeal To Reason
Appeal to Reason можеби не е нешто најдобро од Rise Against но сепак заслужува да се преслуша , дечките сеуште се kickass :)
3. The Courteneers - St. Jude
Овој британски indie бенд извади нешто доста традиционално во поглед на правецот но сепак динамичен и доста интересен албум пред се.
4. Ashes Divide - Keep Telling Myself It's Alright
Billy Howerdel покажа уште еднаш дека со секој нов проект го докажува она генијалното во себе, независно од тоа дали е од вокален аспект или од инструментален.
5. Emery - While Broken Hearts Prevail (EP)
За ова останува да кажам дека со нетрпение го чекаме албумот :)
Се разбира има и други артисти кои вродија плод во 2008 но овие се тие кои највеќе ми оставија впечаток . Би го ставил и соло албумот на Steven Wilson - Insurgentes во овие топ 5 ако не и на прво место не сепак официјалниот датум на овој албум е Февруари оваа година така да ќе има загарантирано место во следнава година :) А што се однесува за 2009 би биле радосни да oчекуваме нешто од Alexisonfire , дури и нешто ново од Dear Hunter и од Porcupine Tree како целина :) Па се читаме во Новава Година се најдобро.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
1 коментари:
Druze brao za Appeal To Reason. Kje se slozam sosema deka ne e najdobroto od RA, ama sepak e mnooogu dobar album!! Btw favorite band mi se... band na mojot zivot :)
Објави коментар