Најмерак ми е кога ќе налетам на бенд кој има доста цврста уметничка подлога.
Дечки кои се стремат да создадат нешто со што ќе се изразат самите баш онака како што им е намерата, а не само колку да се задоволи пазарот и да се фрли нешто што самото по себе ќе избледи.
Претходниот нивен албум е добар но е тотално засенет од The First Days of Spring. Kонцептуален албум кој сам по себе нуди да си направиме тек на настаните и со помош на песните да склопиме еден филм.
Но сепак фронтментот Charlie Fink ни приреди и филм поточно филмот е албумот или албумот е филм како сакате, искрено како ви одговара.
Господин Fink вели дека прво е албумот но ако го погледнете ќе ја видите поврзаноста и неодвоjливоста помеѓу двете и ќе си речете па да ова е тоа што ми фалеше додека го слушам.
Можеби нивната наклонетост кон филмовите и самиот факт што и Noah & The Whale името на бендот е излвлечено од нивен омилен филм - The Squid and the Whale и името на режисерот на филмот Noah Baumbach e тоа што во овој последен албум ги споиле овие две уметности и е добиено дело кое ќе ви прочепка по емоциите.
Недостатокот на женски вокал за разлика од претходниот албум се должи на разидувањето на Laura Marling со бендот. Па Fink нашол за згодно да го искористи ова како подлога за својот концепт и во албумот и во филмот. Со давање голем нагласок на емоциите.
Слушајќи ги песните/гледајќи го филмот не носи на едно емотивно патување од машка перпектива пред се.
На тоа како еден маж се справува со своите чувства.
Пренесено сето тоа во звук и на видео. Tолку јако пренесувајќи ја пораката на тоа колку сме ние обични и како понекогаш не водат чувствата пред разумот низ времето, кое е толку релативно и толку непредвидливо што впрочем и е покажано во филмот.
Но не би сакал да ви го прераскажувам филмот, го имам тоа задоволство да ви го презентирам токму овде и се надевам ќе потрошите неколку минути од вашето време да го погледнете можеби и ќе ве натера да го набавите албумот и да си направите сопствен филм поразличен од тој на Noah & The Whale.
Жичаните инструменти во склоп со помалку меланхоличниот глас на Fink го прават овој албум совршено хармоничен и толку пријатен, антистрес лек за секој на кој денот му е повеќе од напнат.
Секоја песна е посебно уживање со две појдовни точки, почетната The First Days of Spring нуди доста класични декрешендо и крешендо моменти.
И повеселата точка на албумот ,централниот сегмент на ова дело "триптихот" од звуци Instrumental I , love of an Orchestra и Instrumental II. Останатите песни се прилично тажни тивки песни со исклучок на Single-от Blue Skies која со својот заводлив ритам е дефинитивно најcatchy песна во албумот.
Албум/Филм за одмарање и уживање во овие празнични денови...
Оцена: 9/10
Артист: Noah and the Whale
Албум:The First Days of Spring
Датум на објава: 31 Август, 2009,
6 Октомври 2009 (U.S.)
Издавач:Vertigo Records (U.K.),
Cherrytree Records (U.S.)
Track listing:
1."The First Days of Spring"
2."Our Window"
3."I Have Nothing"
4."My Broken Heart"
5"Instrumental I"
6"Love of an Orchestra"
7"Instrumental II"
8."Stranger"
9."Blue Skies"
10."Slow Glass"
11."My Door Is Always Open"
.: Karanfiloff | Skopje | 24.12.2009
Оригинално објавено на www.plagij.at
0 коментари:
Објави коментар