[Interview] High Control (Тетово)



High Control дечките се релативно млад бенд од Тетово кои негуваат популарен contemporary alternative rock во целост, но се некако ми делува како копија на Trapt не премногу али доволно :) Можеби со тек на време ќе им се осамостои звукот или пак тие влијанија ќе ги измешаат добро и ќе се добие нешто несомнено поуникатно.
. Имав шанса да ги слушнам во Castro а исто така и студискиот материјал и морам да кажам дека доста добро се снаоѓаат. Останува да очекуваме дечките повеќе да се осамостојат во својот звук и да понундат нешто доста интересно. Следува едно кратко интервју со нив…

Музиколоџи: Што претставува вашето име од каде инспирацијата?
High Control: Инспирацијата за нашето име ја имаме превземено од нашите согледувања за се поголемите обиди за контрола на опшеството и опшественото живеење од страна на некои центри на моќ а се со намера да се даде еден контра-одговор и враќање на вистинските морални вредности: почитувањето, другарството, праведноста, довербата и се разбира љубовта.

Музиколоџи: Како би ја опишале вашата музика ?
High Control: Нашата музика може да се опише како еден склоп на нашите вкусови за типот на музиката која ние како поединци и како целина сме ја слушале и сеуште ја слушаме, идеите кои ги креираме, и влијанијата на правците кои сме ги `конзумирале`, преку инвентивноста и заедничката работа до целосниот пренос во форма на една музичка целина.

Музиколоџи: Правецот кој го опфаќате највеќе? Кои ви се највлијателни бендови?
High Control: Во глобала би биле окарактеризирани како Alternative - Indie Rock Band, меѓутоа во песните може да се насетат елементите од следните правци: Grunge, Progressive па и Metal итн. Како највлијателни бендови кои директно учествувале во нашата изградба како индивидуи и бендот во целина би можеле да ги вброиме: Foo Fighters, Maroon 5, Nickelback, Trapt, како и многу други.


Музиколоџи: Колку долго се знаете? Како се запознавте?
High Control: Во Тетово постои еден вид на помала сцена (се мисли на рок сцената), и затоа многу е лесно секој со секого да се познава, бидејќи сеуште постои тој другарски однос и поддршка помеѓу бендовите и музичарите така да најверојатно така и сме се запознале. Ние се познаваме еден со друг многу одамна, уште од нашите тинејџерски денови, од времето на таканаречениот натпреварувачки период.

Музиколоџи: Кога активно го формиравте бендот? Вашата главна инспирација за правење музика?
High Control: Бендот со оваа постава функционира од 2007-та година, и оттогаш работиме напорно за можеме да ги исполниме нашите зацртани цели, чекор по чекор. Главна инспирација ни е љубовта од секаков облик - спрема луѓето, девојката, семејството, пријателите...

Музиколоџи: Дали сте под некоја дискографска куќа?
High Control: Деби албумот го издадовме преку Deficit Productions – релативно нова продукциска куќа со екипата од Castro Club, за која набрзо ќе се слушне и која ќе си го пронајде своето место на Македонската сцена.

Музиколоџи: Што можете да ни кажете за вашите инструменти?
High Control: Во поглед на инструментите може да се каже дека ние сме во еден класичен рок состав-основна форма: две гитари, бас гитара и тапани, истите не отсликуваат како карактери и со нив се обидуваме да го извлечеме максимумот во поглед на звукот, мелодијата, разноврсноста...

Музиколоџи: Каде сте настапувале на други места и дали имате некои идни договорени свирки?
High Control: Освен Total Dem-o-Fest(2009) - во Кастро, имаме настапувано и на финалето на Winner Fest(2008/2009)- Прилеп, Битола и Штип како и многубројните клубски свирки и настапи претежно во Тетово и Скопје. Има договорени свирки однапред, се очекува и одговор и од некои фестивали на кои имаме аплицирано но сега за сега е рано да се зборува за тоа дури не стане официјална информација, која ќе ја објавиме директно на нашата myspace страна.

Музиколоџи: кои cover песни највеќе сакате да ги изведувате имате спремена playlist-а или повеќе сакате да импровизирате?
High Control: Претежно имаме спремена playlist-a, со неа го кроиме настапот во кој ако има простор, може да се импровизира зависи од дадената ситуација и од нашето моментално расположение. Во глобала одбираме песни кои нас ни се допаѓаат и така го даваме својот максимум во нивното исполнување.


Музиколоџи: Кој ги пишува вашите песни ? Што ви е главна тема или сл. во вашите песни?
High Control: Нашиот бенд функционира како една добра екипа. Секој си извршува определена задача и така тимски се надополнуваме еден со друг и ги пишуваме песните. Како што кажавме погоре, генерално темите во песните се гласен врисок на нашите чувства – добри и лоши без да ги потиснуваме во нас.

Музиколоџи: Дали сметате дека вашата музика константно се менува и воведувате нешто ново или пак се држите кон еден правец.
High Control: Да. Секогаш се трудиме да бидеме иновативни и да воведуваме нешто ново во нашата музика, иако промените не се драстични за да се оди во потполно нов стил, туку осцилираме околу правецот во кој што сме почнале да креираме.

Музиколоџи: Вашиот најголем предизвик како бенд?
High Control: Најголем предизвик би било да настапуваме на еден голем светски фестивал, со голема посетеност, на кој што би можеле да ја промовираме нашата музика а со тоа и нашиот град и нашата држава.

Музиколоџи: Што совет имате за луѓето што сакаат да оформат свој бенд?
High Control: Сите кој што сакаат да формираат бенд треба да разберат дека многу е важно тимското работење пред се, потоа голема волја, упорност, труд, доверба, компромис и другарство. Многу е едноставно иако изгледа како некој тежок рецепт, но се зависи од погледот и подготвеноста на луѓето.

Музиколоџи: На каков се начин можат фановите и луѓето што сакаат да ја чујат вашата музика да ја набават? (website, online купување,продажни места и сл.)
High Control: Албумот “In Every Way”- моментално можат да се набави во Castro Club, а за извесно време ќе објавиме и во кои продавници ќе може да се набави. Неколку песни можат да се слушнат и на: www.myspace.com/highcontrol05
Воедно на истата страна можат да се видат и најновите ажурирања во поглед на нашите настапи, така да сите што сакаат да ги гледаат High Control во живо секогаш ќе бидат навремено информирани.

Музиколоџи: Any last words :)?
High Control: Се надеваме дека со музиката која ја создаваме допираме до срцата на слушателите, и дека секој ќе може да се идентификува и да се пронајде во нашите песни. Поздрав и благодарност на сите што ни ја искажаа безрезервната поддршка.

Официјалното видео за Young Cardinals (Alexisonfire)



Видеото е снимено на Нијагарините Водопади на туристички брод :)

Коментар од Модератор на Sputnikmusic :

"George sounds like a Dropkick Murphy.
Exactly what I thought as well. One of Alexisonfire's weakest singles if you ask me... hope the album will be better!" =)

Closure In Moscow - First Temple [рецензија]




Во ова време, секојдневно се формираат post-hardcore\emo\rock\alternative бендови кои своите влијанија ги темелат на интересни бендови како Circa Survive, The Fall Of Troy, Thrice па дури оние похрабрите и од Mars Volta. Искрено, таквите бендови кои успеваат во тек на една година од постоење да извадат албум, не ми се допаѓаат. Преплавени сме со такви бендови кои својот звук го засновааат на копи-пејст од се она што го слушнале од нивниот музички фаворит. Иновација - нема! Меѓутоа, од xxx такви бендови, еден секогаш ќе успее да најде свој звук и да звучи прилично ветувачки за во иднина. Баш таков бенд е Closure In Moscow. Доаѓаат од Австралија, а формирани се во 2006 година. На сцената се појавија во 2008 година со извонредното EP (или како што тие самите го нарекоа "albumette"), The Penant And The Patience. По одличните реакции од публиката и критиката, дечкиве влегуваат во студио на почетокот на оваа година, и конечно на 5 Мај го издаваат долго очекуваниот албум, The First Temple. Дали разочараа по одличното EP? НЕ! Ова е она што барем јас го очекував од бендов. Иако можеби малку поразлично од ипи-то, албумов ги носи Closure In Moscow на одличен пат за понатаму. Стилски, бендов се доближува најмногу до Saosin, The Fall Of Troy, The Mars Volta, а во голема мера и до Circa Survive. Албумот започнува одлично со Kissing Cousins, малку во манирот на модерниве рок бендови, но тоа е само почетокот на песната. Понатаму продолжува со прекрасните Reindeer Age, Sweet#hart, интересната Vanguard каде можеби и највеќе се чувствува влијанието на експерименталните звуци и mathcore-от на The Fall Of Troy и The Mars Volta. По 5-та песна, A Night At The Spleen, албумот оди во малку помирни води. па дури и амбиентални забележливо на Permafrost, каде звучат слично на The Receiving End Of Sirens. Воглавно, Closure In Moscow најчесто се опишуваат како микс на бендовите кои досега ги спомнав, но сето тоа е одлично спакувано. Негде прочитав и еден интересен коментар, каде беа опишани како поп-верзија на The Mars Volta. Ова не е далеку од вистината. Само додадете влијанија и од веќе спомнатите бендови погоре, па додајте ги и модерните рок трендови и ќе добиете нешто слично на Closure In Moscow. Сепак, не се работи само за копи-пејст бенд, туку за бенд кој одлично ги инкорпорирал влијанијата од своите постари колеги, и во сиот тој микс додава и своја интересна нота. Има тука за секого по нешто. Одличен албум, останува само да го преслушате и да пресудите сами дали Closure In Moscow заслужуваат место на вашата плејлиста.

Членови:

Beau McKee
Mansur Zennelli
Chris deCinque
Brad Kimber
Michael Barrett

Дискографија

The Penant And The Patience - 19 April, 2008
First Temple - 5 May, 2009

Myspace