Препорака...



Деновиве, некако имав потреба од изи лис'нинг мјузик, па се фатив за претпоследниот албум на Funeral For A Friend, Tales Don't Tell Themselves. Албумов се појави на сцената во 2007 година, како долгоочекуван наследник на одличниот Hours од 2005. По излегувањето, и покрај фактот што влета на високото трето место на UK Album Charts, мислењата беа поделени, како кај критиката, така и кај публиката. По некои албумот беше чисто промашувања, за некои беше најдоброто нешто на бендот. Најголемата замерка дојде токму од die-hard фановите на бендот, кои всушност го мразеа фактот дека од Hours понатаму нема скримо на албумите. Wrong! Тоа што нема скримо не значи дека е лошо. Hours е одлично парче музика! Tales Don't Tell Themselves пак, истотака ми остави голем впечаток. Ми се допаѓа тоа што е замислен како концепт албум, и како таков, не ја промашува целта. Едноставно, албумов се слуша во еден здив. Нема фаворити, сите песни се надоврзуваат и возат прекрасно. Отварањето на албумов започнува со првиот сингл, Into Oblivion, за да продолжи со прекрасната The Great Wide Open. Песните едноставно нели :) неверојатно се вклопуваат во поморскиот концепт :) на албумот. Сето тоа тече одлично до крајот на албумот, кој го затвара феноменалната The Sweetest Wave. Damn, ова е едно од најдобрите затворања на албум :) Најдете си го албумов и преслушајте го, ќе ви легне прекрасно во сеуште тмурните мартовски денови. Дури и ако сте еден од оние кои албумот го фрлиле по првото преслушување, дајте му уште една шанса, верувам дека ќе ве изненади ;)

1 коментари:

Mario рече...

druze dobar albuN. Gi gledav 2007mata godina vo zivo... imav i moznost da se zapoznaam... kul momci :)! Pozdrav za tvojot blog, i tvojot mjuzik tejst :)

Објави коментар