...И би нов албум на The Prodigy!



...И би нов албум на The Prodigy! :) После некое време хибернација, рејв-мајсторите се вратија на сцената. И што да кажам повеќе? They're back for good :) Конечно албум од манијациве којшто не е најдоброто од нив, но за враќање на сцената е супер! Повторно во добитна комбинација (значи Liam Howlett, Maxim и Keith Flint) албумот ги враќа во живот, и јасно докажува дека тие сеуште го имаат приматот на најдобар dance-rave-urban-tecnho sound бенд :) Сепак, албумов е на моменти е и многу сличен на нивните почетици и големи успеси (иако навраќање на корените не е лоша работа). Take me to the hospital личи многу на Everybody in the place. Отворањето на албумот со истоимената песна е експлозивно, и не верувам дека на некој не му се свиѓа. Omen е исто така мнооогу интересно нешто, иако и тука се чувствуваат сличности со претходните албуми. Присутен е и хелиум вокалот :) Нешто можеби и најинтересно на албумов, е песната Stand-up. Право освежување од The Prodigy, изведено во стилот на Fat Boy Slim. Nice! Тоа е тоа. Верувам дека ке го преслушате албумов и верувам дека ќе ви се допадне, иако како што кажав, ова е само повратнички обид за нешто добро. Сепак, The Prodigy се вратија назад, и претпоставувам дека сега ќе ги замолчат сите квази рејв бендови, идиотски DJ-и и слично. Респект!

0 коментари:

Објави коментар