Италијанци со чувство за уметност - Нормално , Klimt 1918 - Just in Case We'll Never Meet Again






























Klimt 1918 (Името на бендот претставува име на уметникот Густав Климт и годината на неговата смрт 1918) најчесто претставен како alternative бенд со доста мрачни меланхолични звуци (gothic rock) во нивните почетоци до атмосферски post-rock звуци кои преовладуваат во нивниот најнов албум Just in Case We'll Never Meet Again.Секако ќе уживате и во албумот Dopoguerra од 2005 кој е за нијанса помрачен. Музиката што ја прават најчесто e споредена со Katatonia но секако од подоцнежните материјали кај што наликуваат на alternative бенд. Но сепак Klimt 1918 задржуваат еден постандарден звук низ нивното постоење. Некои песни во новиот албум едноставно можат да ве понесат за разлика од некои други песни кои едноставно го држат она просечното. Воглавно Just in Case We'll Never Meet Again е пријатен албум за преслушување. Можеби ако го преслушате неколку пати да ви влезе и под кожа но сепак тука се и вкусовите а за вкусовите не се расправа нели :) ?.

Rise Against - Appeal to Reason





Новиот Албум на Rise Against следи еден континуитет на звук кој преовладува кај нив секако темите за песните се познати. Ќе ја земеме за пример песната "Hero of War" нејзиниот текст е оформен од вистинити искази на војници кои се бореле во Ирак. Сепак Rise Against како име веќе се влезени во mainstream-от. Големата популарност го доведува во прашање општото претставување на бендот каков што и беше underground. Но сепак квалитетот на бендот не е во ниеден случај доведен во прашање. Песните сепак се феноменални. Се чувствува суровоста и напнатоста, како клучен елемент. Rise Against можеби на некој начин го напуштија underground-от , но со ваква play-листа дефинитивно се спремни да освојат!

Новото уметничко дело на Steven Wilson - insurgentes



Мулти-инструменталистот Steven Wilson попознат како "мозокот" на групата Porcupine Tree е веќе подготвен да го фрли својот најнов соло full length албум во музичкиот океан, албумот е наречен "insurgentes"ќе се појави во Ноември.- Насловот на албумот доаѓа од најдолгата авенија во Мексико Сити "Avenida de los Insurgentes" каде што и дел од албумот е и снимен . Сниман е низ периодот Јануари-Август и на други делови во светот. Се смета дека овој албум е досега најкреативнато, емотивно и разноврсно дело во кариерата на Steven Wilson, значи можеме да очекуваме уште еден квалитетен музичко уметнички албум. Не се исклучени ни гостински појавувања на албумот со нови сорабувања како и од долго годишни соработки со искусни артисти. Едноставно останува да чекаме на албумот и евентуално да си го нарачаме.