Closure In Moscow - First Temple [рецензија]




Во ова време, секојдневно се формираат post-hardcore\emo\rock\alternative бендови кои своите влијанија ги темелат на интересни бендови како Circa Survive, The Fall Of Troy, Thrice па дури оние похрабрите и од Mars Volta. Искрено, таквите бендови кои успеваат во тек на една година од постоење да извадат албум, не ми се допаѓаат. Преплавени сме со такви бендови кои својот звук го засновааат на копи-пејст од се она што го слушнале од нивниот музички фаворит. Иновација - нема! Меѓутоа, од xxx такви бендови, еден секогаш ќе успее да најде свој звук и да звучи прилично ветувачки за во иднина. Баш таков бенд е Closure In Moscow. Доаѓаат од Австралија, а формирани се во 2006 година. На сцената се појавија во 2008 година со извонредното EP (или како што тие самите го нарекоа "albumette"), The Penant And The Patience. По одличните реакции од публиката и критиката, дечкиве влегуваат во студио на почетокот на оваа година, и конечно на 5 Мај го издаваат долго очекуваниот албум, The First Temple. Дали разочараа по одличното EP? НЕ! Ова е она што барем јас го очекував од бендов. Иако можеби малку поразлично од ипи-то, албумов ги носи Closure In Moscow на одличен пат за понатаму. Стилски, бендов се доближува најмногу до Saosin, The Fall Of Troy, The Mars Volta, а во голема мера и до Circa Survive. Албумот започнува одлично со Kissing Cousins, малку во манирот на модерниве рок бендови, но тоа е само почетокот на песната. Понатаму продолжува со прекрасните Reindeer Age, Sweet#hart, интересната Vanguard каде можеби и највеќе се чувствува влијанието на експерименталните звуци и mathcore-от на The Fall Of Troy и The Mars Volta. По 5-та песна, A Night At The Spleen, албумот оди во малку помирни води. па дури и амбиентални забележливо на Permafrost, каде звучат слично на The Receiving End Of Sirens. Воглавно, Closure In Moscow најчесто се опишуваат како микс на бендовите кои досега ги спомнав, но сето тоа е одлично спакувано. Негде прочитав и еден интересен коментар, каде беа опишани како поп-верзија на The Mars Volta. Ова не е далеку од вистината. Само додадете влијанија и од веќе спомнатите бендови погоре, па додајте ги и модерните рок трендови и ќе добиете нешто слично на Closure In Moscow. Сепак, не се работи само за копи-пејст бенд, туку за бенд кој одлично ги инкорпорирал влијанијата од своите постари колеги, и во сиот тој микс додава и своја интересна нота. Има тука за секого по нешто. Одличен албум, останува само да го преслушате и да пресудите сами дали Closure In Moscow заслужуваат место на вашата плејлиста.

Членови:

Beau McKee
Mansur Zennelli
Chris deCinque
Brad Kimber
Michael Barrett

Дискографија

The Penant And The Patience - 19 April, 2008
First Temple - 5 May, 2009

Myspace

1 коментари:

♫ Karanfiloff ♫ рече...

Штом првата песна ти го улови увото ондак нема што понатаму да се збори.

Објави коментар