Steven Wilson и делото " Insurgentes "
Постирано од
♫ Karanfiloff ♫
во
четврток, декември 04, 2008
Тагови:
Porcupine Tree,
solo album,
Steven Wilson
Тензичноста која е незаменлив дел од звукот кој го претставува Steven Wilson повторно ја прикажа во неговото ново ремек дело "Insurgentes" кое го најавив пред некое време.Албумот сеуште не е официјално излезен тоа ќе се случи во Фебруари 2009 , и ќе има доста голема побарувачка. Додека пак тоа што се нуди по популарните сајтови за download е рипувана верзија од неговиот лимитиран special edition сет од 4000 копии. Некои ќе речат ова може да биде како продолжение на креативноста на и така добриот проект IEM (Incredible Expanding Mindfuck). Сепак сличностите во стилот ги допира да речеме сите проекти кои Steven Wilson ги има досега реализирано, едноставно како да е направен микс на сите негови проекти во еден. Harmony Korine првата песна не внесува еуфорично во целата фузија на напнатост, тензичност и мрачна мистичност која е присутна низ целиот албум. Очекуваме истата еуфорија да продолжи и во втората песна, "пријатно" не изненадува една меланхолична мелодија со мрачни клавијатури која како да е склопена по урнек на Blackfield.Понатамошната листа на песни во ниеден случај не се повторува секоја песна е правец за себе. Ова до одреден степен беше и очекувано од Steven W. да направи спој на правците во кој активно учествува веќе 21 година, со секој свој проект да ги задоволува своите артистички потреби. Несомнено Steven Wilson се докажува како прав уметник со секое негово ново издание.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
1 коментари:
Супер блог пријатели, само напред и плодно и бериќетно да биде. Фино место да се откријат нови бендови и свеж звук. Јас сум малку по постариот звук, па така да ќе наминувам често да видам и чујам што се случува во денешно време. :)
Само продолжете така, се најдобро!
Поздрав, Виршла
Објави коментар