Fear Before - S\T
Незнам колку од вас ја следат кариерата на Fear Before, порано познати како Fear Before The March Of Flames. Менувањето на името дојде годинава пред издавањето на истоимениот албум, со образложение дека е премногу долго :) Се работи за бенд кој со претходниот албум го промени правецот во кој одеше, одн. од некој тип на скримо бенд, отиде во непознат (понекогаш дури и за нив) правец. Иако не можам да кажам дека претходниот албум, The Always Open Mouth е лош (напротив, многу ми се допаѓа), сепак албумот разочара голем дел од фановите. Тоа е една експериментална верзија на бендот, која за разлика од почетоците, внесуваше мешавина од повеќе правци со нормално, препознатлив шмек познат само на Fear Before. Годинава, поточно на 28 Октомври, стигна и новиот албум на Fear Before, албум од кој се очекуваше многу, и на кој многу луѓе чекаа. Меѓутоа, секогаш кога за некој долгоочекуван албум не се дига многу прашина како што се очекувало, се знае дека нешто не е во ред :) Се работи за албум којшто повторно ја изразува експерименталната страна на дечкиве, кои btw рекоа дека се бенд кој нема да се повторува од албум во албум :) Во кратки црти: албумот е помрачен од претходникот, различен е ама во исто време е и сличен. Во голема мера е потежок од The Always Open Mouth, негде е подобар а негде полош. Кога го земав албумов, не ми се свиѓаше многу, по големите очекувања, меѓутоа по неколку преслушувања, се доаѓа до заклучок дека се работи за солиден албум. Можеби се очекуваше повеќе но што е тука е. Не се работи за лошо парче музика, баш напротив, меѓутоа е многу поекспериментален од The Always Open Mouth, не е толку певлив и интересен. Тука Fear Before губи голем дел од своите фанови (што мене и не ме баш интересира, затоа што ми се супер :) Во секој случај ако сте фан на првиот албум на бендот, гарант вториот не ви се допаѓа, а овој уште помалку би ви се допаѓал. Албумов ќе им го задржи вниманието на љубителите на експерименталната страна на бендов, но ако првпат се среќавате со Fear Before, не верувам дека ќе ви се допадне. Се надевам дека следниот албум пријатно ќе не изненади, иако е рано за тоа ;)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
0 коментари:
Објави коментар