My Personal Favorites of 2008 :)

Пошто за помалку 36 часа влегуваме во новата година, редно е да пишам за моите како што се гледа од насловот, музички фаворити годинава. Прво, морам да кажам дека 2008 беше исполнета со музика, но не толку квалитетна како претходната година. Годинава имаше и камбек на неколку бендови на чии албуми се чекаше веќе некое време, меѓутоа испадна за некои дека џабе чекавме :) Некои се покажаа и во одлични изданија. Во секој случај, многу не сум задоволен од годинава, ама како и да е имаше и ептен добри изданија. Следи листата:


1. The Mars Volta - Bedlam In Goliath



Немам што да кажам. Останав без зборови уште кога излезе. Многу забелешки гледам има за албумот као не било ова Mars Volta и слично, меѓутоа мене ми се допаѓа. Дефинитивно најдобро оваа година. Следно е:

2. Thrice - The Alchemy Index Vol.III & IV: Air & Earth



Thrice се едноставно најдобрите понови музичари на денешницата. Изданиево го надминува претходникот (Fire & Water) во квалитет. Секој којшто го преслушал ова, мора да се запраша: што е следно од Thrice? Одговор немам, ама едвај чекам да го слушнам :) Next:

3. The Fall Of Troy - Phantom On The Horizon



Кој не го слушнал ова, не слушнал ништо. Најдоброто нешто од бендов. Штета што не ми влезе во игра за првите две места, ама и бронза е ок нели? А следни се:

4. Funeral For A Friend - Memory and Humanity


Back in style. Албум кој ги содржи најдобрите елементи од FFAF и со кој се вратија во живот по претходниот албум, класифициран од многу како најслаб. (Мене лично не ми е, ама тоа ти е :) Следечи:

5. Fear Before - Fear Before



Нема многу ра зборувам за албумов, имате review неколку поста подоле ;) Next:

6. Emery - While Broken Hearts Prevail EP



Одлично EP на Emery, со кое ни даваат a little taste of what's to come (албумот), и се навраќаат на почетоците на кариерата. Solid :) . Некст:

7. Protest The Hero - Fortress



Најдобриот метал албум годинава. Растураат Канаѓаниве, млади се, и имаат уште мнооооогу време да го освојат светот , ако не го направија тоа и досега. Следи:

8. Metallica - Death Magnetic



Вистинското враќање на великаните (требаше да биде претходникот, ама не успеа). Не ми пишувајте у коментари демек не е добар ова она, си го ставив овде и стојам зад моето мислење, а тоа е дека албумов заслужува место на мојата листа. Супер камбек на Metallica. Следечи again :) :

9. Underoath- Lost In The Sound Of Separation



Добар е, ама неможе да го надмине Define The Great Line. Поагресивен многу, но недоволно за да оди малку погоре. And last, but not the least:

10. Rise Against - Appeal To Reason



Наместо да ни дадат добар албум, Rise Against ни дадоа само неколку добри песни. Просечно, ептен :(

Тоа е тоа. Коментари се добредојдени. Само уште да кажам дека 2009 не очекува барем на лист добра музичка година, и тоа уште на почетокот со изданијата на Mastodon и Killswitch Engage, ако не се одложат. Ке видиме отпосле за тоа, ако најдам листа на изданија за 2009 ке ја ставам на блогов. Среќни празници на сите, уживајте малку во атмосферава, па се гледаме подоцна :)




Steven Wilson и делото " Insurgentes "




Тензичноста која е незаменлив дел од звукот кој го претставува Steven Wilson повторно ја прикажа во неговото ново ремек дело "Insurgentes" кое го најавив пред некое време.Албумот сеуште не е официјално излезен тоа ќе се случи во Фебруари 2009 , и ќе има доста голема побарувачка. Додека пак тоа што се нуди по популарните сајтови за download е рипувана верзија од неговиот лимитиран special edition сет од 4000 копии. Некои ќе речат ова може да биде како продолжение на креативноста на и така добриот проект IEM (Incredible Expanding Mindfuck). Сепак сличностите во стилот ги допира да речеме сите проекти кои Steven Wilson ги има досега реализирано, едноставно како да е направен микс на сите негови проекти во еден. Harmony Korine првата песна не внесува еуфорично во целата фузија на напнатост, тензичност и мрачна мистичност која е присутна низ целиот албум. Очекуваме истата еуфорија да продолжи и во втората песна, "пријатно" не изненадува една меланхолична мелодија со мрачни клавијатури која како да е склопена по урнек на Blackfield.Понатамошната листа на песни во ниеден случај не се повторува секоја песна е правец за себе. Ова до одреден степен беше и очекувано од Steven W. да направи спој на правците во кој активно учествува веќе 21 година, со секој свој проект да ги задоволува своите артистички потреби. Несомнено Steven Wilson се докажува како прав уметник со секое негово ново издание.