Fear Before - S\T



Незнам колку од вас ја следат кариерата на Fear Before, порано познати како Fear Before The March Of Flames. Менувањето на името дојде годинава пред издавањето на истоимениот албум, со образложение дека е премногу долго :) Се работи за бенд кој со претходниот албум го промени правецот во кој одеше, одн. од некој тип на скримо бенд, отиде во непознат (понекогаш дури и за нив) правец. Иако не можам да кажам дека претходниот албум, The Always Open Mouth е лош (напротив, многу ми се допаѓа), сепак албумот разочара голем дел од фановите. Тоа е една експериментална верзија на бендот, која за разлика од почетоците, внесуваше мешавина од повеќе правци со нормално, препознатлив шмек познат само на Fear Before. Годинава, поточно на 28 Октомври, стигна и новиот албум на Fear Before, албум од кој се очекуваше многу, и на кој многу луѓе чекаа. Меѓутоа, секогаш кога за некој долгоочекуван албум не се дига многу прашина како што се очекувало, се знае дека нешто не е во ред :) Се работи за албум којшто повторно ја изразува експерименталната страна на дечкиве, кои btw рекоа дека се бенд кој нема да се повторува од албум во албум :) Во кратки црти: албумот е помрачен од претходникот, различен е ама во исто време е и сличен. Во голема мера е потежок од The Always Open Mouth, негде е подобар а негде полош. Кога го земав албумов, не ми се свиѓаше многу, по големите очекувања, меѓутоа по неколку преслушувања, се доаѓа до заклучок дека се работи за солиден албум. Можеби се очекуваше повеќе но што е тука е. Не се работи за лошо парче музика, баш напротив, меѓутоа е многу поекспериментален од The Always Open Mouth, не е толку певлив и интересен. Тука Fear Before губи голем дел од своите фанови (што мене и не ме баш интересира, затоа што ми се супер :) Во секој случај ако сте фан на првиот албум на бендот, гарант вториот не ви се допаѓа, а овој уште помалку би ви се допаѓал. Албумов ќе им го задржи вниманието на љубителите на експерименталната страна на бендов, но ако првпат се среќавате со Fear Before, не верувам дека ќе ви се допадне. Се надевам дека следниот албум пријатно ќе не изненади, иако е рано за тоа ;)

Тазе бенд а толку ветуваат = Ephrat



Дечките доаѓаат од Израел и мислам дека можеме доста да очекуваме од нив во иднина. Едноставно за квалитетот како е продуциран нивниот деби албум - "No One's Words" неможат да се кажат лоши зборови бидејќи уште еднаш Steven Wilson се надмина себе си како продуцент и покажа дека е несомнено виртуоз во секој поглед. Бендот e progressive со секако присутниот израелски шмек и со доста metal влијанија.Сепак тие не се толку изразени во сите песни но се во одреден степен неизоставен дел. Првата песна од албумот "The Show" е доста слична со оние на Porcupine Tree односно - меланхолична мелодија со рефрен кој плени. Гостувања се присутни во овој доста квалитетно направен албум ; во песната "Haze" гласот го позајмува вокалистката на Paatos Petronella Nettermalm , а пак песната "The Sum Of Damage Done" ја изведува Daniel Gildenlöw од Pain of Salvation. Сепак неможеме да кажеме дека албумот е без маани во одреден степен должината на самите песни и истиот ритам кој понекогаш преовладува може да станат досадни и да речеме да ја затупат работата. Но тоа не е нешто што е којзнае колку страшно.Ќе оставиме место и понатамошен материјал и развивање :D Гарантирано ако ви се допаѓаат Porcupine Tree особено и некои други слични progressive бендови тогаш дефинитивно ќе ви се допаднат и Ephrat.


Еве го и составот на бендот:
Вокал: Lior Seker
Гитара, клавијатури, флејта: Omer Ephrat (кој е истотака и композиторот)
Бас: Gili Rosenberg
Тапани: Tomer Z

www.myspace.com/omerephrat

Да се биде GNR или нешто сосема погрешно?

(**Оригинално постирано на www.musicology.blog.com.mk на 7 Ноември, 2008 - 00:18** само е префрлен постот.)



Во исчекување на новиот албум на "Новото GNR" кој воедно ќе излезе на 23.11.08 незнам дали можеме да го наречеме конечен датум за овој албум бидејќи досега има сменето многу deadline-и што веќе стана вообичаено за нашиот драг Axl =) навистина би не зачудило ако воопшто излезе на 23 но сепак да не го напаѓаме човекот кој со својот глас и удел во култната група направи толку за музичкиот правец и ни укажа на сите дека Hard Rock-от е нешто што треба да се свати сериозно. Но сепак во премногу блиското минато откако ја испеа My Michelle заедно со Sebastian Bach (познат по својата фронтменска улога во Skid Row) не става во длабока мисла дали воопшто ќе вреди за преслушување тоа презентирано парче бидејќи досега полошо нешто ние лично немаме слушнато па макар било од двајца виртуози кои феноменално го претставуваа правецот во своите млади да не речам плодни години. Но сепак останува да видиме дали Axl ќе се оправи и ќе покаже дека е сеуште може да биде "The Man" или пак ќе докаже дека тој е виновникот за замрувањето на еден продуктивен период. We shall see!

Emery - иевото ново EP благодет за душа =)

Новото EP на Emery насловено " While Broken Hearts Prevail " ги содржи да ги наречеме стандардните карактеристики на Emery , урамнотежени мелодии со pounding ритам и позадински screamo елементи и на еден начин се враќаат кон нивните корени . Највеќе тоа се забележува во Smile, The Face” и “Edge of the World". Секако имаат и мала диверзија во самиот концепт на EP-то што не наликува на Emery какви што сме навикнати да ги слушаме но сепак останува да го слушнете EP и да оцените сами.

Thrice = Екстремна Креативност =)

Thrice под Island Records поточно од нивиот Албум Vheissu почнуваат да имплементираат различен стил од кој дотогаш го претставувале , едноставно самиот звук кој Vheissu го содржи во себе плени различни вкусови. Но сепак самите почетоци на Thrice како што звучат денес е впрочем самиот Vheissu , песните едноставно се предвесници на нивниот концепт кој подоцна го претставуваат како - The Alchemy Index. Како пример песната Atlantic од Vheissu може слободно да се нарече предвесник на албумот од Alchemy Index - Vol 2. - Water по самиот експериментален пристап и смиреноста која е застапена. А пак песната Hold Fast Hope(нормално од Vheissu)предвесник на Alchemy Index - Vol 1. - Fire ,со своите жестоки рифови да ја претстави жестокоста и тој raw-елемент.Тука се и другите два индекса да ги преведеме Vol 3 и 4 односно (Earth и Air) Колку да бидеме јасни во овој пост сакаме да го објасниме почетокот на еден доста по-креативен период на Thrice, но секако дека албумот пред Vheissu , Artist in the ambulance е исто така феноменален албум и заслужува да се преслуша :D Едноставно ми преостанува да ви кaжеме земете си ги албумите и Enjoy =)