Olive's 2TB O6HD music server

Olive's 2TB O6HD music server is a cutting edge station that enables us to listen to high quality lossless formats with technology that adds up to several layers of noise canceling units. Also the design is very stylish it would look great in any part of your flat or house. It has a TEAC cd-rw drive and the most valuable outside option is the touchscreen that enables you smooth browsing trough your music database.It's hefty price od 5000 dollars makes it way off anybody's price range but for that technology the money you spend it's well worth it!

sheet music downloads

Noah and the Whale - The First Days of Spring [Vertigo Records, 2009]

Noah and the Whale - The First Days of Spring [Vertigo Records, 2009]

Најмерак ми е кога ќе налетам на бенд кој има доста цврста уметничка подлога.
Дечки кои се стремат да создадат нешто со што ќе се изразат самите баш онака како што им е намерата, а не само колку да се задоволи пазарот и да се фрли нешто што самото по себе ќе избледи.
Претходниот нивен албум е добар но е тотално засенет од The First Days of Spring. Kонцептуален албум кој сам по себе нуди да си направиме тек на настаните и со помош на песните да склопиме еден филм.
Но сепак фронтментот Charlie Fink ни приреди и филм поточно филмот е албумот или албумот е филм како сакате, искрено како ви одговара.
Господин Fink вели дека прво е албумот но ако го погледнете ќе ја видите поврзаноста и неодвоjливоста помеѓу двете и ќе си речете па да ова е тоа што ми фалеше додека го слушам.
Можеби нивната наклонетост кон филмовите и самиот факт што и Noah & The Whale името на бендот е излвлечено од нивен омилен филм - The Squid and the Whale и името на режисерот на филмот Noah Baumbach e тоа што во овој последен албум ги споиле овие две уметности и е добиено дело кое ќе ви прочепка по емоциите.





Недостатокот на женски вокал за разлика од претходниот албум се должи на разидувањето на Laura Marling со бендот. Па Fink нашол за згодно да го искористи ова како подлога за својот концепт и во албумот и во филмот. Со давање голем нагласок на емоциите.
Слушајќи ги песните/гледајќи го филмот не носи на едно емотивно патување од машка перпектива пред се.
На тоа како еден маж се справува со своите чувства.
Пренесено сето тоа во звук и на видео. Tолку јако пренесувајќи ја пораката на тоа колку сме ние обични и како понекогаш не водат чувствата пред разумот низ времето, кое е толку релативно и толку непредвидливо што впрочем и е покажано во филмот.
Но не би сакал да ви го прераскажувам филмот, го имам тоа задоволство да ви го презентирам токму овде и се надевам ќе потрошите неколку минути од вашето време да го погледнете можеби и ќе ве натера да го набавите албумот и да си направите сопствен филм поразличен од тој на Noah & The Whale.





Жичаните инструменти во склоп со помалку меланхоличниот глас на Fink го прават овој албум совршено хармоничен и толку пријатен, антистрес лек за секој на кој денот му е повеќе од напнат.
Секоја песна е посебно уживање со две појдовни точки, почетната The First Days of Spring нуди доста класични декрешендо и крешендо моменти.
И повеселата точка на албумот ,централниот сегмент на ова дело "триптихот" од звуци Instrumental I , love of an Orchestra и Instrumental II. Останатите песни се прилично тажни тивки песни со исклучок на Single-от Blue Skies која со својот заводлив ритам е дефинитивно најcatchy песна во албумот.
Албум/Филм за одмарање и уживање во овие празнични денови...






Оцена: 9/10

Артист: Noah and the Whale
Албум:The First Days of Spring
Датум на објава: 31 Август, 2009,
6 Октомври 2009 (U.S.)
Издавач:Vertigo Records (U.K.),
Cherrytree Records (U.S.)


Track listing:
1."The First Days of Spring"
2."Our Window"
3."I Have Nothing"
4."My Broken Heart"
5"Instrumental I"
6"Love of an Orchestra"
7"Instrumental II"
8."Stranger"
9."Blue Skies"
10."Slow Glass"
11."My Door Is Always Open"



.: Karanfiloff | Skopje | 24.12.2009

Оригинално објавено на www.plagij.at

Say Anything споделија со нас нов Single




Say Anything го поставија својот нов сингл "Hate Everyone" на streaming официјално на нивниот сајт и на нивната myspace страна. Песната е типична Say Anything што на повеќето ќе им дојде како освежување да речеме преку текстот Max Bemis ќе има нешто што да сподели со нас сигурно а од друга страна пак ќе им биде познато односно едноставно ќе им биде малце досаден тој претпознатлив и неиновативен звук. Ова ќе им биде 4-ти студиски албум по ред насловен едноставно "Say Anything" кој ќе излезе на 13 Октомври. Искрено јас не очекувам многу но би можел да изненади.




"Beggars" на Purevolume.com™




Албумот на годината според многумина можете сега да го слушате и на Purevolume.com™. Дечките вчера го поставија целиот свој албум достапен за преслушување. Покрај другото на нивната Purevolume страна можете да ги најдете и другите албуми видеа и доста други информации .


Извор:www.purevolume.com

Информејшн =) Leak-на Beggars на Thrice

Значи деновиве leak-на новото здание на Thrice. можете да го најдете по торрент клиентиве исто така и на популарниот рапидшер и слични на него но мислам дека брзо ги бришат по тие така да најсигурно вие по торрентиве =) Само ќе кажам доста интересен албум =) Повеќе очекувајте на www.plagij.at

Мувинг он...


Како што кажува и насловот, ви ар мувинг он, Музиколоџи иде на стенд бај, со повремени постови или препораки. Ја и Жаре сме тазе нови пишувачи на www.plagij.at, добро познатиот и ценет сајт. Одсега, нашите критики ги гледате таму ;) Фала што не читавте до сега, ќе не читате пак, само поретко ;)

[Interview] High Control (Тетово)



High Control дечките се релативно млад бенд од Тетово кои негуваат популарен contemporary alternative rock во целост, но се некако ми делува како копија на Trapt не премногу али доволно :) Можеби со тек на време ќе им се осамостои звукот или пак тие влијанија ќе ги измешаат добро и ќе се добие нешто несомнено поуникатно.
. Имав шанса да ги слушнам во Castro а исто така и студискиот материјал и морам да кажам дека доста добро се снаоѓаат. Останува да очекуваме дечките повеќе да се осамостојат во својот звук и да понундат нешто доста интересно. Следува едно кратко интервју со нив…

Музиколоџи: Што претставува вашето име од каде инспирацијата?
High Control: Инспирацијата за нашето име ја имаме превземено од нашите согледувања за се поголемите обиди за контрола на опшеството и опшественото живеење од страна на некои центри на моќ а се со намера да се даде еден контра-одговор и враќање на вистинските морални вредности: почитувањето, другарството, праведноста, довербата и се разбира љубовта.

Музиколоџи: Како би ја опишале вашата музика ?
High Control: Нашата музика може да се опише како еден склоп на нашите вкусови за типот на музиката која ние како поединци и како целина сме ја слушале и сеуште ја слушаме, идеите кои ги креираме, и влијанијата на правците кои сме ги `конзумирале`, преку инвентивноста и заедничката работа до целосниот пренос во форма на една музичка целина.

Музиколоџи: Правецот кој го опфаќате највеќе? Кои ви се највлијателни бендови?
High Control: Во глобала би биле окарактеризирани како Alternative - Indie Rock Band, меѓутоа во песните може да се насетат елементите од следните правци: Grunge, Progressive па и Metal итн. Како највлијателни бендови кои директно учествувале во нашата изградба како индивидуи и бендот во целина би можеле да ги вброиме: Foo Fighters, Maroon 5, Nickelback, Trapt, како и многу други.


Музиколоџи: Колку долго се знаете? Како се запознавте?
High Control: Во Тетово постои еден вид на помала сцена (се мисли на рок сцената), и затоа многу е лесно секој со секого да се познава, бидејќи сеуште постои тој другарски однос и поддршка помеѓу бендовите и музичарите така да најверојатно така и сме се запознале. Ние се познаваме еден со друг многу одамна, уште од нашите тинејџерски денови, од времето на таканаречениот натпреварувачки период.

Музиколоџи: Кога активно го формиравте бендот? Вашата главна инспирација за правење музика?
High Control: Бендот со оваа постава функционира од 2007-та година, и оттогаш работиме напорно за можеме да ги исполниме нашите зацртани цели, чекор по чекор. Главна инспирација ни е љубовта од секаков облик - спрема луѓето, девојката, семејството, пријателите...

Музиколоџи: Дали сте под некоја дискографска куќа?
High Control: Деби албумот го издадовме преку Deficit Productions – релативно нова продукциска куќа со екипата од Castro Club, за која набрзо ќе се слушне и која ќе си го пронајде своето место на Македонската сцена.

Музиколоџи: Што можете да ни кажете за вашите инструменти?
High Control: Во поглед на инструментите може да се каже дека ние сме во еден класичен рок состав-основна форма: две гитари, бас гитара и тапани, истите не отсликуваат како карактери и со нив се обидуваме да го извлечеме максимумот во поглед на звукот, мелодијата, разноврсноста...

Музиколоџи: Каде сте настапувале на други места и дали имате некои идни договорени свирки?
High Control: Освен Total Dem-o-Fest(2009) - во Кастро, имаме настапувано и на финалето на Winner Fest(2008/2009)- Прилеп, Битола и Штип како и многубројните клубски свирки и настапи претежно во Тетово и Скопје. Има договорени свирки однапред, се очекува и одговор и од некои фестивали на кои имаме аплицирано но сега за сега е рано да се зборува за тоа дури не стане официјална информација, која ќе ја објавиме директно на нашата myspace страна.

Музиколоџи: кои cover песни највеќе сакате да ги изведувате имате спремена playlist-а или повеќе сакате да импровизирате?
High Control: Претежно имаме спремена playlist-a, со неа го кроиме настапот во кој ако има простор, може да се импровизира зависи од дадената ситуација и од нашето моментално расположение. Во глобала одбираме песни кои нас ни се допаѓаат и така го даваме својот максимум во нивното исполнување.


Музиколоџи: Кој ги пишува вашите песни ? Што ви е главна тема или сл. во вашите песни?
High Control: Нашиот бенд функционира како една добра екипа. Секој си извршува определена задача и така тимски се надополнуваме еден со друг и ги пишуваме песните. Како што кажавме погоре, генерално темите во песните се гласен врисок на нашите чувства – добри и лоши без да ги потиснуваме во нас.

Музиколоџи: Дали сметате дека вашата музика константно се менува и воведувате нешто ново или пак се држите кон еден правец.
High Control: Да. Секогаш се трудиме да бидеме иновативни и да воведуваме нешто ново во нашата музика, иако промените не се драстични за да се оди во потполно нов стил, туку осцилираме околу правецот во кој што сме почнале да креираме.

Музиколоџи: Вашиот најголем предизвик како бенд?
High Control: Најголем предизвик би било да настапуваме на еден голем светски фестивал, со голема посетеност, на кој што би можеле да ја промовираме нашата музика а со тоа и нашиот град и нашата држава.

Музиколоџи: Што совет имате за луѓето што сакаат да оформат свој бенд?
High Control: Сите кој што сакаат да формираат бенд треба да разберат дека многу е важно тимското работење пред се, потоа голема волја, упорност, труд, доверба, компромис и другарство. Многу е едноставно иако изгледа како некој тежок рецепт, но се зависи од погледот и подготвеноста на луѓето.

Музиколоџи: На каков се начин можат фановите и луѓето што сакаат да ја чујат вашата музика да ја набават? (website, online купување,продажни места и сл.)
High Control: Албумот “In Every Way”- моментално можат да се набави во Castro Club, а за извесно време ќе објавиме и во кои продавници ќе може да се набави. Неколку песни можат да се слушнат и на: www.myspace.com/highcontrol05
Воедно на истата страна можат да се видат и најновите ажурирања во поглед на нашите настапи, така да сите што сакаат да ги гледаат High Control во живо секогаш ќе бидат навремено информирани.

Музиколоџи: Any last words :)?
High Control: Се надеваме дека со музиката која ја создаваме допираме до срцата на слушателите, и дека секој ќе може да се идентификува и да се пронајде во нашите песни. Поздрав и благодарност на сите што ни ја искажаа безрезервната поддршка.